еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Изложба на уметникот Бојан Ковски, „Панта реи“ во Археолошкиот музеј

Изложба на Бојан Ковски „Панта Реи“ ќе биде отвотена во вторник, 13 декември, во Археолошкиот музеј. Официјалното отворање на изложбата ќе започне во 19 часот и ќе биде достапна за посетителите до 21 декември.

Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски.

Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики масло на платно, како и body paint перформанси.

„Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран од неговиот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас, а во неа ќе бидат вклучени 12 дела масло на платно.

Во претстојната изложба, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуелизација.

Сликите се поставени во движење. Во овој втор циклус уметникот не пушта во неговиот свет, каде се се движи, се се менува. Сликте се вртат во 360, но прегратката останува силна. И колку и да сакаме нашата критика на овие дела да биде објективна таа сепак се сведува на нашето лично видување на нештата. Таму каде што ние се пронаоѓаме,“ вели во кураторскиот текст на Анжелика Апсис, кон изложбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска донација за Министерствoто за здравство од маркетерите на Lyconet

Редакција

„Чудовиштето“ од познатиот бугарски автор Владимир Зарев, нова книга од ИЛИ-ИЛИ

Редакција

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработени донираа 2,5 тони храна по повод Светскиот ден за борба против гладта

Редакција