еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Чудовиштето“ од познатиот бугарски автор Владимир Зарев, нова книга од ИЛИ-ИЛИ

Деновиве од печат излезе преводот на книгата „Чудовиштето“ од Владимир Зарев, како 199 наслов во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

По издавањето на романот „Пропаст“ од истиот автор во 2019 година, ИЛИ-ИЛИ продолжува да ја следи работата на познатиот писател, чии дела од бугарски на македонски јазик ги преведува Бранислав Мирчевски. Излегувањето на книгата е поддржано од мрежата ТРАДУКИ.

„Со поднаслов „Роман за раѓањето и заминувањето, за стравот и љубовта, творештвото и слободата, за споменот и заборавот, младоста и стареењето, за ЧОВЕКОТ“, книгата  на Зарев е уште еден современ роман во кој авторот ја покажува својата комплетна пишувачка зрелост.

„Чудовиштето“ е роман за љубовта, за невозможната, безнадежна, но чиста и искрена љубов меѓу стариот писател и убавата млада новинарка. Нивните животи се испреплетуваат, но и се заробуваат во синџирите на моралната кауза. Роман за мудроста и големото прашање, дали е доволна за разумот на разумниот да се исправи пред моралните закони во него. Злото е привлечно, неговата појава секогаш е само навидум случајна, а всушност строго испланирана и контролирана. По преводот на романот „Пропаст“ и одличниот прием кај македонските читатели, „Чудовиштето“ е нов предизвик за сите рафинирани љубители на квалитетната литература,“ информираат од ИЛИ-ИЛИ.

Владимир Зарев (1947) е современ бугарски писател роден во Софија. Работи како универзитетски професор по бугарска литература, а од 1973 г. е уредник на одделот за белетристика на списанието „Современик“.

Романите му се преведувани на многу светски јазици, а Пропаст (ИЛИ-ИЛИ, 2019) по дванаесетте изданија во Бугарија стана бестселер и во Германија и САД. По романот е снимен филмот „Времето е наше“. Добитник е на државните награди „Иван Вазов“ и „Елин Пелин“. Во 2017 г. ја добива Државната награда „Св. Паисиј Хилендарски“ за исклучителен придонес ва развојот на националната културна идентификација и духовни вредности.

Автор е на романите: Демонот на нетрпеливоста ( 1975), Процес (1984), Загар (1987), Лето 1850 ( 1988) , Пропаст  (2003), Поп Богомил и совршенството на стравот  (2005), Чудовиштето ( 2019), на трилогијата: Битие (1978), Исход (1983) и Закон (2012), како и на повеќе поетски книги.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

Редакција

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со повеќе од 300 нови наслови на „Саемот на книга“ во Скопје

Редакција

Уште само 5 дена за пријавување на ексклузивниот настан на АММ со Сем Вакнин

Редакција