еМагазин
Image default
Локално

Изменет режим на сообраќај утре во Скопје: Еве кои сообраќајници ќе бидат затворени

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста утре почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќајниот режим.

– Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11-ти Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов” до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот од крстосницата со ул.„Македонија” до крстосницата со ул.„11-ти Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од Кеј „13-ти Ноември” до ул.„11-ти Октомври” и ул.„11-ти Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин”до ул. „Даме Груев”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26-годишник од Врапчиште злоупотребил лични податоци на две лица за да им наштети

Редакција

Поднесени над 50 барања за проценка на штети по невремето во Неготино

Редакција

(Видео) Градоначалникот и дел од вработените на општина Центар работат од дома

Редакција