еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца починати од Ковид-19 во дебарската болница, за првпат хоспитализирани над 40 лица

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат и болни од Општина Центар Жупа, за првпат бројот на хоспитализирани ковид пациенти надмина 40.

– Во двете одделенија каде се третираат ковид пациенти хоспитализирани се 41 пациент, од нив 31 се на кислородна поддршка. Амбулантски се третираат 15, додека во здравствени установи во Скопје имаме шест лица од нашето подрачје, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Додава дека во изминатите пет дена од овој месец регистрирани се 66 нови случаи, во списокот на оздравени внесени се 34, додека за жал битката со опасниот вирус ја изгубиле две лица.

Моментно активни на болеста на ова подрачје се над 253 лица, иако според надлежните реалната бројка е многу повисока, бидејќи на преглед се јавуваат само оние кои имаат потешка форма на болеста.

– Апелирам до сите кога ќе почувствуваат симптом, кој асоцира на вирусот, веднаш да се јават на лекар, строго да ги почитуваат мерките за заштита и секако да се вакцинираат оние кои тоа не го направиле, рече Алили.

Според него, во модуларната болница, која функционира како вакцинален пункт, непречено се одвива имунизацијата против Ковид-19, при што денеска се аплицирани 150 вакцини од Синфарм, Фајзер и АстраЗенека.

На ова подрачје до сега вакцинирани се над 13.300 лица, што е висок процент на опфатеност ако се има во предвид бројот на резистентно население.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство: Непочитување на полициски час носи кривично-правна одговорност

Редакција

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Редакција

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Редакција