еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН, нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш.

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена, со цел да биде подготвен да го засили КФОР доколку е потребно.

Сакам да го пофалам КФОР што презема брза, воздржана и професионална акција да се интервенира за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија за поткопување на мирот во која било и во сите заедници на Косово, наведе адмирал Мунш.

Тој додаде дека командата од Неапол внимателно ја следи ситуацијата во Косово и ќе продолжи да се координира со КФОР, за да се осигура дека ги имаат сите способности и сили што им се потребни за непристрасно да обезбедат безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина и Русија на страната на Србија за ситуацијата во Косово

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Насилник ги исекол цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга

Редакција

Бројот на починати од корона вирусот во Македонија се ближи до 300

Редакција

Од денеска не работи ски-центарот „Попова Шапка”

Редакција