еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

Тензиите на Косово не престануваат.

Денеска пред општината Звечан на северот на Косово се судрија силите на КФОР и српски граѓани.

Како што пренесува дописникот на МИА од Белград, конфликтот започнал кога припадниците на КФОР почнале да туркаат луѓе, вклучително и новинари кои биле во првите редови.

Толпата се спротивставила, а потоа бил фрлен солзавец, што се претпоставува дека го направил КФОР.

Фрлени се шок бомби, солзавец, како и камења и шишиња. Се слушнале истрели и детонации.

Повредени се неколку припадници на КФОР, не се знае колку граѓани се повредени, а повреден е и дописник на агенцијата Танјуг.

МИА/еМагазин/Видео: Твитер/Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штабот на Пендаровски: Имавме скандинавски избори

Редакција

Нови 11 случаи на Ковид-19 од 2.723 тестирања, бројката на активни е 147

Редакција

Најмладиот на 41-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 9 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција