еМагазин
Image default
Македонија

Измените во Изборниот законик пред избори го загрозува легитимитетот на изборниот процес, сметаат од Транспаренси Интернешнл Македонија

Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИМ) смета дека измените во Изборниот законик непосредно пред избори сe непотребни од повеќе аспекти.

Првично, сметаат дека измените во овој период го загрозуваат легитимитетот на изборниот процес, ја зголемуваат можноста за корупција во политиката и за корупција преку силата на политика и моќ, односно ќе го оневозможи вклучувањето на нови и независни кандидати во изборните процеси.

– Ќе ја зајакне постоечката пракса на контрола на собирањето потписи преку контрола во листите за независни кандидати. Ќе го продлабочи застрашувањето над граѓаните кои ќе се осмелат да излезат и да се потпишат за одреден независен кандидат засновано на страв од последица ако се поддржи некој друг.

Сево ова води до продлабочување на заробеноста на државата и зајакнување на моќта и контролата од институциите, кои наместо сервис стануваат механизам за контрола и застрашување.

Наместо ова, власта и сите политички партии треба да се заложат за отвореност на изборниот процес и да обезбедат поголема слобода во натпреварот за политичките функции за институциите, наведуваат од ТИМ.

Носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес, според ТИМ, се спротивни на меѓународните добри практики, поконкретно на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и препораките од Венецијанската комисија.

– Во предлог измените на Изборниот законик, покрај другите законски измени, се уредува и унифицира начинот, постапката и бројот – процентот потребен за собирање на потписи за предлагање на независни листи на кандидати.

Наместо различен број на потписи од граѓани за секоја општина, сега тоа ќе се утврди на 2% проценти од вкупниот број на запишани граѓани во избирачкиот список за секоја општина одделно, со што целосно се исклучуваат независните граѓански иницијативи од политичкиот процес, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија и сметаат дека оваа законска измена е противуставна и ја нарушува демократијата, како и владеењето на правото.

Во врска со оваа предлог измена на Изборниот законик, во делот во кој би се пропишал независните советнички групи да треба да соберат потписи од два проценти од вкупниот број на запишани граѓани во избирачкиот список за секоја општина одделно, од ТИМ истакнуваат дека треба да се следат препораките во Извештајот на ОБСЕ, каде се предложува стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики, како и да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи со цел да се намали потенцијалот за заплашување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски нема да ги потпише измените во Изборниот законик, потпис ставен на Законот за државјанство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проценката во ЕУ е дека постои ризик од дестабилизација на Балканот, поради ситуацијата во Украина

Редакција

(Фото) Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Штајнмајер

Редакција

Осман Шабани ќе го води случајот „Талир“ на СЈО

Редакција