еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел ја почна копнената инвазија на Газа

Портпаролот на израелската Армија синоќа изјави дека Израел ја засилува својата офанзива во Појасот Газа со пешадија и оклопни возила, поддржани од, како што рече, „обемни“ воздушни и морски напади, пренесе Бета.

Контраадмиралот Даниел Хагари рече дека израелските сили „ја продолжуваат војната“.

Претходно војската објави видео снимка на која се гледаат низи оклопни возила кои бавно се движат низ отворениот песок на Газа како прва визуелна потврда за влезот на копнените сили. Во претходните денови Армијата вршеше ноќни напади и набрзо се врати на територијата на Израел.

Војската објави не многу технички јасни слики од тенкови колони кои се движат низ делови на Газа и рече дека нејзините воени авиони бомбардирале десетици тунели и подземни бункери на Хамас во текот на ноќта. Ова укажува на интензивирање на кампањата за уништување на палестинската група која е на власт во Појасот Газа, по нејзиниот крвав упад на југот на Израел пред три недели.

Првата видео потврда за присуството на копнените сили и силното бомбардирање на подземни цели се нов знак дека Израел е се поблиску до општа инвазија на Газа, пренесе Бета.

Хагари претходно изјави дека копнените сили ги „прошируваат своите активности“ во Газа и дека дејствуваат „со голема сила… за да ги постигнат целите на војната“.

Израел собра стотици илјади војници долж границата пред очекуваната поширока копнена офанзива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Наместо да ги прекине нападите на Газа, Израел ги засили

(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

МИА/Фото: Израелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белград нема да го екстрадира Радоичиќ, оти Србија не го признава Косово, вели Вучиќ

Редакција

Во земјата во која полицајки „се удираат“ од пајак: Не чистете отпушоци, може да ве уапсат

Редакција

Детален преглед: 25 независни кандидати за градоначалник, 12 не успеале да соберат потписи

Редакција