еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки

Додека е во притвор за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци за МВР, медиумите пишуваат и за други набавки во сомнителни постапки од страна на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

Телевизијата Телма објави дека Рашковски двапати по ред ја избрал фирмата Инвока, чии управител Даниел Станчевски е исто тако со него во притвор во Шутка, за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции.

Според телевизијата договорот е во висина од околу 150 илјади евра за две години, а е потпишан 18 дена пред изборот на вториот кабинет на премиерот Зоран Заев.

„Преку него се обезбедува системско одржување за државни тестирања за лиценци во шест министерства, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, во Катастарот, во Инспекцискиот совет, во Царината, во Комисијата за хартии од вредност, во две агенции за супервизија и во Академијата за судии и обвинители.

За сите нив Рашковски пред да замине им обезбедил одржување на системите за лиценци, иако имало институции кои и не го барале тоа“, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка

Неделникот Фокус пак објави дека Рашковски во повторен тендер со исфрлени критериуми за погодност на набавувачите, во август минатата година склучил договор со новоформиран концерн со кој државата плаќа 16,2 милиони евра за софтверски лиценци за државната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) Филипче: Линеарниот раст на заболените со коронавирусот охрабрува

Редакција

(ВИДЕО) Србија прва во Европа почна со производство на руската вакцина Спутник V

Редакција

Доктор Пановски: Вакцините може да се мешаат, прва доза „АстраЗенека“, а втора „Фајзер“ дава одлични резултати

Редакција