еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: Вакцините може да се мешаат, прва доза „АстраЗенека“, а втора „Фајзер“ дава одлични резултати

Микробиологот Никола Пановски за „еМагазин“ изјави дека, вакцините може да се мешаат.

Тој го посочува истражувањето кое утврдило дека, кај оние кои по прва доза „АстраЗенека“ примиле втора доза „Фајзер“, имало одлични резултати.

Оттука, според Пановски, оние кои во Србија се вакцинирале со „АстраЗенека“, а се под 60 години, државата може да им излезе во пресрет и да ги вакцинира со „Фајзер“.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, изјави дека препораката е вакцините да не се мешаат, односно втората доза треба да биде од ист производител како и првата.

Научниот одбор што ја советува канадската Влада за вакцините на 1 јуни даде одобрение да може да се промени вакцината против Ковид-19 кога се прима втората доза.

Поединци кои ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ може да добијат или втора доза од истиот производител или од „Фајзер“/„БиоНТек“ или „Модерна“, соопшти Националниот советодавен комитет за имунизација (CCNI).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие што се вакцинирале со „АстраЗенека“, втора доза може да примат од „Фајзер“ или „Модерна“: Канада дозволи мешање на вакцините

Нема препорака за мешање на вакцините, вели Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент: Заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“

Редакција

ЕУ подготвува пакет за создавање услови за прием на нови членки, вели Вархеји

Редакција

Лекарска комора: Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од Ковид-19

Редакција