еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Моменталната прележаност од Ковид-19 е 29,8%, ако се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на пандемијата со Ковид-19 во Македонија и светот, анализира колку лица во земјава моментално го прележале коронавирусот и како да се спречи нов бран наесен.

“Лоши вести од Велика Британија. За само еден месец индискиот сој на вирусот B.1.517 (SARS Cov2 Delta) станал доминантен и практично сосема го истиснал британскиот сој B.1.1.7 од територијата на Велика Британија, која инаку е европски рекордер според стапката на вакцинираност.

После оваа вест, прашање на време е кога индискиот сој ќе пристигне и ќе се рашири низ Македонија. Ќе видиме дали летните температури и забавеното ширење на вирусите кај нас ќе помогнат и против индискиот сој, но занемарливиот степен на вакцинираност и ширум отворените граници не носат ништо добро.

Инаку, ги повторив пресметките за степенот на прележаност на Ковид-19 кај населението на Македонија, со земање предвид на загубата антителен одговор (хуморалниот имунитет) со текот на времето.

Според пресметките, досегашната вкупна прележаност е проценета на 29,8% (со 95% интервал на доверба помеѓу 23,9% и 35,7%), што е премалку за постигнување колективен имунитет од прележување.

Моменталното згаснување на епидемијата најверојатно се должи на летните температури или завршениот процес на заразување помеѓу лица во чести контакти (на пример соработници од работните места, сопатници во фабричките автобуси, роднини и пријатели), па сега ќе продолжи само преку случајни контакти.

Од нас зависи каков тек ќе фати епидемијата на есен. Ако преовлада разумот и се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран.

Доколку продолжиме со слабото темпо на вакцинирање (коешто веројатно дополнително ќе забави во текот на летните месеци, како и поради опуштањето на населението по завршувањето на пролетниот бран), есенски бран е многу веројатен, најверојатно со двојно помал интензитет отколку во пролетниот бран.

Во секој случај, без вакцинација ништо не е готово, дури и ако сите досега прележани (споменатите 23,9% – 35,7%) развијат траен, клеточен имунитет и тој биде подеднакво ефикасен како антителниот“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Кинеските вакцини не созддаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо „бледее“

Професор Трајковски: Свадбарите да побрзаат и нека завршат со свадбите летово, затоа што не знаеме што носи есента

Професор Дејан Трајковски: Зошто не ја сфаќаме масовната вакцинацијата како прашање на национална гордост како во Израел?

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

76% од хоспитализираните со Ковид-19 биле невакцинирани

Редакција

Чешка подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на францускиот предлог, велат од МНР

Редакција

Фирма испуштала отровни хемиски агенси во Брегалница

Редакција