еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема препорака за мешање на вакцините, вели Филипче

Имајќи предвид дека 70.000 најавени вакцини од Бугарија и Грција ќе бидат „АстраЗенека“, министерот за здравство Венко Филипче, денеска изјави дека тие нема да останат неискористени, бидејќи се уште голем дел од популацијата над 60 години не е вакцинирана.

„Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани, но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени.

Препораките и ставовите не ги креираме според тоа, кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки,“ вели Филипче.

Тој додаде дека нема стручна препорака за мешање на вакцините, па така, вакцинираните под 60 години со „АстраЗенека“, треба да ја примаат истата вакцина.

Според изјавата на министерот, вакцинираните со „АстраЗенека“ кои се под 60 години, треба да ја примаат истата вакцина на местото каде што се вакцинирале, на пример во Србија, бидејќи во Македонија, ем нема да им се даде друга вакцина, ем нема да ги вакцинираат со истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Доктор Даниловски за СП: Тие што не развиле имунитет после две дози “Синофарм“, треба да се вакцинираат со “Фајзер“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од протестите „За заедничка Македонија“, рече Трајановски на судењето за “организаторите на настаните од 27 април“

Редакција

Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја

Редакција

(Фото) Исчезна 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје

Редакција