еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускиот амбасадор треба да информира за доцнењето на испораката на вакцините „Спутник“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека за вакцините „Спутник“ и „Синовак“ нема точен датум кога ќе пристигнат во државата.

Тој вчера имал разговор со рускиот амбасадор, кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините.

Вакцините „Синовак“, како што додаде Филипче, треба да пристигнат првите десет дена од јуни.

Според него, имунизацијата нема да запре, бидејќи пристигнаа одредени количини на „Фајзер“, а во текот на неделата се очекуваат донациите на вакцини од Бугарија и Грција.

Тој очекува дека неделава можеби ќе има намалување на дневните бројки на вакцинирани, но за следната недела, смета дека ќе се одржи трендот од околу 13.000 вакцинирани на ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема препорака за мешање на вакцините, вели Филипче

Постојат технички проблеми за издавање на „зелениот пасош“, за кои верувам дека наскоро ќе се надминат, вели Филипче

50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција ќе пристигнат во државата, најверојатно „АстраЗенека“

Пристигнаа 11.700 вакцини на „Фајзер“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Уште една предреферендумска посета: Могерини утре во Скопје

Редакција

Засега нема укинување на ковид сертификатите

Редакција