еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа 11.700 вакцини на „Фајзер“

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ, што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Количините на вакцини постојано се дополнуваат, а Филипче апелира сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полицајци се степале со обезбедување со казино, министерот Тошковски објави снимка од тепачката

Редакција

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите

Редакција

Пресуда за „Талир 2“: Конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и штабови на партијата и шест години затвор за Груевски

Редакција