еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресуда за „Талир 2“: Конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и штабови на партијата и шест години затвор за Груевски

Судечкиот совет во предметот „Талир 2” го прогласи за виновен поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и го осуди на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност.

За виновен е прогласен и Кирил Божиновски, кого судот го осуди на две години условна казна.

Воедно, судот го прифати и предлогот на Обвинителство и го конфискуваше седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови низ државата.

Судењето го води судијката Даниела Алексовска Стојаноска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Груевски и Божиновски беа обвинети за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Редакција

Стејт департмент: Бугарија ризикува дестабилизација на регионот со блокадата на Македонија

Редакција

Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата, вели потпретседателка Јотова

Редакција