еМагазин
Image default
Забава

(Видео) „Македонија на Европско“, нова песна на дуото „ДНК“

Песна посветена на претстојниот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи ширум Европа, објави денеска популарното музичко дуо „ДНК“.

Нумерата насловена „Македонија на Европско“ е илустрирана со видеозапис на кој се појавуваат голем број познати имиња од македонскиот спорт и естраден живот, како и македонските фудбалски репрезентативци, кои на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

– Им посветивме песна на фудбалерите, кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација, истакна во објавата по повод новата навивачка нумера, Владимир Блажев – Панчо и Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“.

МИА/Фото: Фејсбук/ДНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од својата комфор зона, Sarah Mace со „Бакар боја“

Редакција

(Видео) „Трепет“ на Благојче Трајковски и Андријана Јаневска, спој на класичната и традиционална музика

Редакција

Сите патишта викендов водат кон Штип, течат последните подготовки за Пастрмајлијадата

Редакција