еМагазин
Image default
Македонија

50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција ќе пристигнат во државата, најверојатно „АстраЗенека“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека моментално има уште нешто помалку од 5.000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се прави ревакцинација.

-Оваа недела треба да дојдат 70 илјади вакцини, 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „АстраЗенека“. Се уште немаме потврда за типот на вакцини.

Редовно секој понеделник пристигнуваат вакцини на „Фајзер“ и се очекува да стигне голема количина вакцини, за кои се уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни, изјави Филипче.

Тој посочи дека епидемијата спласнува, меѓутоа апелира граѓаните да останат внимателни.

– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи.

Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива епидемијата.

Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ДУНА“: Апликацијата работеше беспрекорно, но страницата на ДИК беше цел на хакерски напад

Редакција

Нови 129 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.535 тестирања, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Министерот Чулев: Со невалидна одлука Владата сака хаос во МВР

Редакција