еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хартиените потврди за вакцина или ПЦР-тест се доволни за влез во Грција, тврди Филипче

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа е само една дополнителна алатка што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација.

Инаку, појасни, сите наши лаборатории што се акредитирани, Министерството, во однос на вакцините, во делот на тестирањата се практично прифатени, тоа е суштината на апликацијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Иванов пред три години објави аболиција, ќе има ли ново помилување?

Редакција

Инфлацијата во Македонија ќе се намалува, прогнозира агенцијата „Фич“

Редакција

Истражување во Израел: Третата доза на вакцината „Фајзер“ со слични или помали нуспојави како по втората

Редакција