еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: САД да ги споделат податоците за коронавирусот, за кој тврдат дека е вештачки создаден

Доктор Дејв Фишер, претседавач со Мрежата за глобално предупредување и реагирање, со која координира Светска здравствена организација (СЗО), изјави дека теоријата дека коронавирусот е „произведен“ во лабораторија „се уште е на маса“ и е „непроверена“.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ минатата недела повикувајќи се на американски разузнавачки агенции објави дека тројца неименувани членови на персоналот на лабораторијата во кинескиот град Вухан имале симптоми на Ковид-19 уште во ноември 2019 година и дека биле хоспитализирани.

Шефовите на разузнавачките служби на САД истакнаа дека не знаат како вирусот првично се пренесувал, но дека имаале две теории – се пренел на човекот од заразени животни или дека станува збор за лабораториски инцидент.

Д-р Фишер за радио Би-Би-Си побара САД да ги споделат разузнавачките податоци и оти „Волстрит журнал“ не е начин на кој се споделуваат научните факти.

Поголемиот број научници тврдат дека Ковид-19 се пренел од животните на човекот, додека некои експерти побараа да продолжи да се изучува теоријата дека вирусот е „произведен“ во лабораторија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојат многу докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија, вели поранешниот државен секретар на САД, Помпео

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Редакција

За плата, надоместоци и награди на менаџментот на Хотели Метропол лани исплатени 1,8 милион денари

Редакција

Денеска завршува кампањата за претседателските и парламентарните избори, утре молк, во среда гласање

Редакција