еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Израелскиот центар „Симон Визентал” со подршка на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана на клубови кои во Македонија промовираат нацизам или фашизам

Израелскиот центар „Симон Визентал” од Ерусалим, Израел денеска излезе со реакција откако ВМРО-ДПМНЕ иницираше предлог-измени на Законот за здруженија.

Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, историчарот на холокаустот д-р Ефраим Зуроф иако еврејските Бугари биле спасени од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на дел од бугарски функционери и црковни водачи, сепак, Бугарите кои ја поробиле Македонија, депортирале над 7.000 Евреи.

„Иако бугарското еврејство беше спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на сочуствителните бугарски функционери и црковни водачи, како заменик-претседателот на парламентот, Димитри Пешев, и како митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите кои ја анектираа Македонија, депортираа над 7.000 Евреи, практично целата македонска еврејска заедница во Треблинка, каде што беше убиен секој еден депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца.

Актуелната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го промени наративот за холокаустот, за да го избрише своето активно учество во злосторствата и ги изгради овие два таканаречени „културни центри” за да ја смени историјата и да ги избрише нивните злосторства”, вели Зуроф во соопштението испратена до јавноста преку „Симон Визентал” центарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата со Грција останува затворена најмалку до 14 декември

Редакција

Продолжува потрагата по третиот Македонец на Халкидики

Редакција

Преседан е начинот на кој Пендиков е изнесен од државата, вели адвокатот Туфегчиќ

Редакција