еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 55-годишна возраст почина универзитетската професорка Татјана Петрушевска

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска – универзитетски професор, правник.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели нејзината пријателка, пејачката Ребека.

Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија забрани туристички патување за македонските граѓани, ја премести Македонија од Д во Е листата

Редакција

69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани

Редакција

Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот

Редакција