еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Извештајот на известувачот на ЕП, Ќучук, за Македонија усвоен на комисиско ниво, но ветото си останува

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент го усвои извештајот за Северна Македонија, драфтиран од евопратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот е усвоен со 66 гласа за, 4 против и 5 воздржани.

Во текстот се утврдува реформскиот прогрес на земјата, се охрабрува да изнајде решение за спорот со Бугарија и се повикува Советот на ЕУ да ги отпочне преговорите што е можно поскоро.

Известувачот на ЕП за Македонија, Илхан Ќучук на Твитер порача дека со оглед на геополитичката ситуација во светот земјата испорачала одржливи напори и повика да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ.

Од страна на Европската народна партија, известувачот во сенка Кристијан Сагарц, го поздрави напорот на Северна Македонија и посочи дека на потег е ЕУ да го исполни ветеното.

Тој предлага процесот на преговори да започне со прв чекор на заедничка роаминг зона со ЕУ.

Шансите Бугарија да го крене ветото во јуни во Советот се многу мали, порачаа од бугарскиот државен врв. Европскиот Парламент конзистентно ја поддржува ЕУ интеграцијата на Северна Македонија со години.

Извештајот сега треба да биде усвоен на пленарна седница пред летото.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во „Аџибадем Систина“ вградено второто целосно вештачко срце на 28-годишна девојка

Редакција

Денеска пороен дожд на повеќе места, од утре до вторник стабилно и потопло

Редакција

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција