еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот за 4 месеци зголемен за 15.1, увозот за 27.3%, трговскиот дефицит 1,3 милијарди евара

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – април годинава, изнесува 2.622.000.000 евра и бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, е 3.922.662.000 евра, што е за 27.3% повеќе во споредба со претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 1.300.662.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2022, изнесува 66.8%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – април 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат горивата

Редакција

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција

Прагот за ДДВ обврзници се зголемува на два милиони денари

Редакција