еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Раст на депозитите и на кредитите во март

Раст на месечна и годишна основа на вкупните депозити и на вкупните кредити покажуваат податоците на Народната банка за месец март.

Вкупните депозити на годишна основа, се зголемени за 7,4 проценти, при речиси подеднаков придонес на депозитите кај двата сектора.

-Во март, вкупните депозити остварија месечен раст од 0,7 отсто со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“.

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити се повисоки за 7,4 отсто, при речиси еднаков придонес на депозитите кај двата сектора, се вели во соопштението од Народна банка..

Од податоците на Народната банка може да се види и дека на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти.

Нагорната промена, според Народната Банка е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

– Вкупните кредити во март, се зголемени за 0,9 отсто и 5,2 отсто, на месечна и годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, стои во соопштението од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител најгледена телевизија, МРТ1 на трето место

Редакција

И Горан Антевски, член на НО на Комерцијална купи 100 акции на Банката

Редакција

Делчо Крастев избран за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Редакција