еМагазин
Image default
Бизнис

Извршителите протестираат поради намалување на тарифите

Извршителите незадоволни од новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, а со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра, денеска протестираат со прекин на работата.

Претседателот на Комората на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ), Зоран Димов потврди дека денеска ќе има еднодневен прекин во работата и се надева дека сите извршители ќе ги затворат своите канцелариите.

Во синоќешното соопштение Комората на извршители наведе дека остануваат на одлуката од 23-ти овој месец со која изразуваат незадоволство со предлогот на надлежното Министерство за правда за корекција односно намалување на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите.

„Особено Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност“, стои во соопштението.

Граѓани обединети во Иницијативата „Стоп за извршители“ веќе неколку месеци протестираа пред Министерството за правда. Револтирани од работата на извршителите, тие на протестите бараа запирање на блокирањето на сметките, ограничување на времетраењето на наплата на долгот и регулирање на застареноста на долговите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ по најавите за штрајк: „Ти се јавуе извршител и ти вика: Што да ти земам за Нова Година?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени 200 компании, се очекува околу 77 милиони евра да се влеат во буџетот

Редакција

Ќе се спои ли Стопанска банка Битола со Комерцијална?

Редакција

Влијание на корона кризата врз одредени професии: Недостасуваат готвачи во угостителските објекти

Редакција