ЈСП воведува дигитална студентска превозна картичка

ЈСП Скопје, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), започнува со воведување на дигитална студентска превозна картичка за користење на бесплатниот јавен превоз, која ќе се имплементира за студентите на државните универзитети во Скопје, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од таму.

„Процесот ќе се одвива дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП Скопје и универзитетите, поради што нема потреба од доставување хартиени потврди или посета на билетарите за заверка на студентскиот статус.

Студентите ќе добијат упатства на својата e-mail адреса и преку мобилната апликација SkopjeBus ќе можат да ја активираат и користат својата дигитална превозна картичка. При најавувањето во апликацијата, потребно е да го користат истиот e-mail што го користеле при регистрацијата на универзитетот.

Картичката ќе биде достапна во апликацијата со QR-код, кој ќе се користи за валидација при патување.

За начинот на активирање и користење, студентите ќе бидат навремено информирани,“ информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести