еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Kај дел од банките, воопшто нема жени во раководните органи

Женското претприемаштво игра значајна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Народната банка ќе го предводи и ќе го координира спроведувањето на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за агенцијата „Марили“.

Проектот има за цел да обезбеди поддршка за поголем пристап на жените претприемачи до финансии, како и за зголемување на свесноста за значењето на родовата еднаквост при доделувањето кредити.

„Според некои процени, поголемото учество на жените во претприемаштвото може да го зголеми глобалниот економски раст од 5 до 6 трилиони долари. Оттаму, обезбедувањето пристап до финансии за овие мали и средни фирми е од исклучително значење за економијата во целина.

Унапредувањето на финансиската инклузија, како и финансиската едукација како основа за поголема вклученост, се дел од стратегиските цели на Народната банка. Преку едуцирање за можностите и обврските на давателите и корисниците на кредитите, може да се придонесе кон подобрување на пристапот на жените претприемачи до финансии во земјава“, истакнува гувернерката на Народната банка.

Ангеловска-Бежоска наведува дека поголемата вклученост на жените во општеството носи бројни придобивки. Сепак, постојат многу предизвици, имајќи предвид дека учеството на жените во работната сила е само околу 43% (на мажите околу 62%), што покажува голем неискористен потенцијал, којшто може да го зголеми економскиот раст. Потребни се и поголема свесност и поддршка во општеството за зголемување на улогата на жената во раководните структури, што ќе донесе поголеми придобивки.

 „Глобалниот извештај за родов јаз од 2023 година покажува дека од 146 земји, ние сме рангирани на 108 место, кога станува збор за економското учество и можностите на жените. Според овој извештај, учеството на компаниите со жени на лидерската позиција е околу 20%, а сличен е и процентот на компаниите во чијашто сопственичка структура преовладуваат жените.

И во финансискиот сектор податоците не се задоволителни. На пример, кај банките само 31% од вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема жени во раководните органи на банката“, посочува гувернерката.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека Народната банка како институција е одличен пример за родова еднаквост, што е признато повеќепати преку рангирањето од страна на угледниот британски форум ОМФИФ, којшто ја рангира нашата централна банка како лидер според застапеноста на жените на раководни позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родовата дискриминација е сеприсутна реалност на жените во Македонија, во повеќе области

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето-плата во јуни 31.869 денари

Редакција

Експозитурите на НЛБ банка ќе работат со скратено работно време

Редакција

(Галерија) Како изгледа една вечер на стриптизер во Македонија: Ме бараат и мажи за нивните сопруги

Редакција