По воведувањето на електронскиот начин на наплата, граѓаните се прашуваат како да платат патарина, доколку немаат смарт-картичка или ТАГ, кои се новина во плќањето.
Доколку корисникот на патот не ја плати патарината или на кој било начин одбива да го стори тоа, му се издава билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање во рок од 24 часа од моментот на издавањето (треба да се дополни по 24 часа, доколку не плати).
Билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање се издава на наплатните станици на кои е воведен електронскиот систем за наплата на патарина.
Корисниците на патот на кои им е издаден билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање можат истиот да го платат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта, како и во банка.
Каде да се плати испечатениот билет
Kорисникот треба преку интерфон да го повика одговорниот на наплатната станица за да му се издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање кој ќе може подоцна да го плати на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на официјалната веб-страница на Јавното претпријатие за државни патишта, како и во банка.
Кога корисникот сака да го плати билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање, системот автоматски го прикажува износот што треба да се плати, а што е еднаков со цената за патарина при поминување, доколку корисникот го плати надоместокот за патарина во рок од 24 часа.
Корисникот на патот е должен да постапи по примениот налог и да ја исполни обврската за плаќање на издадениот билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање во рок од 24 часа од моментот на приемот на начин наведен во налогот.
Самото издавање на билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање на корисникот на патот се смета како уредна достава и сите понатамошни оштетувања или уништувања на билетот немаат влијание во врска со уредната достава и со тоа не се одлага плаќањето на билетот.
Доколку корисникот на патот не го плати издадениот билет во рокот определен во налогот, ќе му биде издадена фактура за наплата по основа на ненаплатена патарина.
Како корисник на патот кој подлежи на плаќање на издадениот билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање се смета сопственикот на возилото кој е регистриран во евиденцијата што ја води Министерството за внатрешни работи, по регистарски број на возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Плаќање на патарина со ТАГ: Најбрзо ќе поминете, но и поскапо чини
Сите детали: Како да платите патарина со смарт-картички, каде да ги купите и колку ќе чинат
(Видео) Стартуваше електронската наплата на патарините на Коридорот 10
Фото: Влада