еМагазин
Image default
Македонија

Како вакцинираните и тие што прележале Ковид-19 да обезбедат потврда

Министерството за здравство соопшти дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.

Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, како што се посочува, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале Ковид 19, пред 45 дена.

Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во Институтот за јавно здравје дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар.

Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на веб страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass, за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките, информираат од Министерството и ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат.

-Вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат од вчера не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 535 заразени со Ковид-19 од 2.445 тестирања, најмногу во Скопје 277

Редакција

Разрешен директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, министерот Меџити вели дека нема политика во одлуката

Редакција

Уште еден починат од Ковид-19 во велешката болница

Редакција