еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој друг освен Русковска се пријавил за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

На огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО ГОКК) се пријавиле петмина кандидати, потврди за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Јолевски, за МИА појасни дека утре Советот ќе одржи седница на која треба да донесе одлука за формирање на Комисија што ќе го спроведе изборот, кој треба да се одржи на 7 ноември.

Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, минатата недела потврди дека поднела кандидатура за нов мандат, а дел од медиумите веќе објавија дека за оваа функција се пријавиле и обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши од ОЈО за организиран криминал, Деса Пауноска и Ислам Абази од Вишото обвинителство – Гостивар и Ермон Незири од скопското Обвинителство.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доставуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Трајче Пеливанов, кој ќе ја менува Вилма Русковска

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичната е притисок кон мене и сите обвинители, вели Русковска, која конкурирала за нов мандат за шеф на ОЈО – ГОКК

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Источен Балкан го блокира Западен Балкан“: Твитер реакции за ветото на Бугарија за Македонија

Редакција

Завршни зборови за Јанкулоска во „Тенк“, нови рочишта за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Редакција