еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.

Имено, Јорданов, вчера, на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на неговиот Фејсбук-профил изнесе серија навреди кон Македонија и македонскиот народ, нарекувајќи не „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“.

Меѓудругото, тој порачува и дека за Македонија нема место во Европската Унија.

Јорданов е поранешен амбасадор во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир

(Видео) Бугарски пратеник се обиде да исценира инцидент на Деве Баир

На провокациите одговоривме согласно законите, Бугарија не направи доволно за да ги спречи, велат од македонското МНР

Фото: Фејсбук/Јорданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Редакција

Катастрофалните здравствени трошоци остануваат предизвик за Македонија, велат од СЗО

Редакција

РСЕ: Во нацрт-декларацијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија стои поддршка за проширувањето, но со ригорозни услови

Редакција