Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари се уште не донел одлука дали ќе се кандидира за претседател на Алијанса за Албанците
Арбен Таравари избран за в.д претседател на Алијанса за Албанците
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го поднел до Антикорупциска комисија кога станал градоначалник.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Скопје од 261 метри квадратни.
На име на сопругата пријавил стан во Скопје, а на име на родителите градежно земјиште во Тетово, деловни простори во Гостивар и две куќи во Гостивар.
Вози Волво, а возило пријавил и на име на сопругата.
Има и кредит од 6,1 милиони денари, кој го зел лани и кој треба да го врати до 2043 година.
Како заеднички имот пријавил и уметнички слики од македонски автори.
Фото: Таравари/Фејсбук