еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, новиот член на Советот на јавни обвинители

Народниот правобранител Иџет Мемети е нов член на Советот на јавни обвинители.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал народен правобранител.

Каков имот пријавил?

На свое име пријавил дел од куќа во Тетово од 100 метри квадратни, од наследство, проценет на 50 илјади евра.

Има и стан во Скопје од 64 метри квадратни, проценет на 30 илјади евра.

Вози Рено 9, а на име на децата пријавил и возило Фолксфаген голф.

На име на сопругата пријавил акции, но не навел каде.

Има и два кредити. Последниот од 14.253 евра го зел годинава, нема податок до кога треба да го врати. Исто така нема податок ни кога треба да го врати и кредитот од 20 илјади евра, а нема ни податок кога го зел.

Пријавил и рамковен кредитен лимит од 30 илјади евра.

Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот има Игор Милев, кој Владата го предлага за претседател на Одборот на директори во Македонски телеком

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Бастри Бајрами, кој ќе дејствува како независен

Редакција

Просечната цена по километар за коридорите 8 и 10д ќе изнесува 12 милиони евра

Редакција