Обвинителот Мустафа Хајрулахи е единствениот кандидат за нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Тој моментално е на таа позиција и ако биде избран, ќе добие втор мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од трката се повлекоа обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Хајрулахи, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога дошол на оваа функција.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист, од недвижен имот, како заеднички, пријавил стан во Скопје од 46 метри квадратни.
Вози две возила, БМВ и Рено 5, а пријавил уште едно возило, но не навел чиво е.
На свое име пријавил и кредит од 35 илјади евра, кој го зел во 2017 година, а треба да го врати во 2037 година.
Фото: Министерство за правда
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.