Заврши мандатот на уставната судијка Вангелина Маркудова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога стапила на оваа функција.
Каков имот пријавила
Според нејзиниот анкетен лист, кој е поприлично долг на свое име пријавено стан во Скопје од 76 метри квадратни, непрецизиран имот и градежно земјиште во Нов Дојран.
На име на сопругот пријавила повеќе парцели со земјоделско земјиште, ливади, пасиште, лозје во Оризари, Визбегово и Глуво, вооглавно од наследство.
На свое и на име на сопругот пријавила акции, но не навела каде.
На име на сопругот пријавила и две возила.
Пријавила и кредит 3.300 евра, за кој не дала повеќе информации, како и девизни и денарски штедни книшки, на свое и на име на сопругот…
Фото: Уставен суд