еМагазин
Image default
Македонија

Каракачанов сака од Македонија да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој според него бил Бугарин

Бугарскиот министер за обрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов, на Фејсбук напиша дека неговата партија ВМРО, сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој пред неколку години беше остранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Тој коментира и за најавата од Град Скопје да се врати старото име на улицата „Борис Сарафов“, која треба да се преименува во „4 Јули“.

„Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од владејачките власти во С. Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин?

Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо.

Интересно е, сепак, зошто се менува името на улицата Борис Сарафов. Оваа улица нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во седиштето на Илинденското востание. Па, нема сомнеж дека Борис Сарафов е Бугарин.

Неговата единствена ‘вина‘ за оние во Скопје очигледно е дека тој е Бугарин и дека е офицер во бугарската армија.

Исто така, да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов дипломирал на бугарско воено училиште во Софија. Едниот го прогласувате за Македонец, а демонстративно го исфрлате неговиот брат Борис Сарафов од вашата историја“, напиша Каракачанов.

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 644 казни за неносење маска

Редакција

Се закануваат поплави: Можни излевања на реките, најкритично во источна Македонија

Редакција

Не можеме да живееме затворени, вакцината е измислена да се вратиме во нормала, вели Филипче

Редакција