еМагазин
Image default
Свет

Кина ја поддржува истрагата на СЗО, но е против политизација на пандемијата

Кина соопшти дека ги поддржува напорите на Светска здравствена организација (СЗО) да го истражи потеклото на Ковид-19, како и оти е против обидите на САД и некои земји тоа прашање да се политизира и да се напаѓа Пекинг.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чинјанг коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја спореди епидемијата со Перл Харбор и нападите од 11 септември, истакна дека САД се борат против новиот коронавирус, а не со Кина.

Таа за тврдењето на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, истакна дека тоа е уште една лага во неговите континирани напади врз Пекинг.

– Кина е транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот, а американските политичари изнесуваат неосновани обвиненија против Кина, посочи Хуа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања

Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ се договори за суспензија на визната либерализација со Русија

Редакција

САД: Целосно вакцинираните полека може да се вратат на нормален живот, без заштитни маски на отворено

Редакција

(Вознемирувачко видео) Цивилите во Буча прво биле застрелани во колена, па убиени со врзани раце, тврди Министерство за одбрана на Украина

Редакција