еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина го контролира пазарот: Државите ќе имаат проблем и со набавката на ретки метали со кои се изработуваат батерии

ЕУ ќе создаде „стратешки резерви“ за да избегне прекини во снабдувањето со „критичните“ суровини за нејзината индустрија, особено ретките земји и литиумот, чиешто глобално снабдување го контролира Кина, јави дописникот на МИА.

Литиумот (клучната компонента на електричните батерии) и ретките земји (стратешки метали потребни за производство на чипови, ЛЦД екрани, воена опрема или турбини на ветер) „наскоро ќе бидат уште поважни од нафтата и гасот“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во својот говор за „Состојбата на ЕУ“.

Додека „потребите на ЕУ за ретки земји ќе се помножат со пет до 2030 година“, а оние од литиум ќе се зголемуваат со електрификацијата на економијата, „мора да избегнеме повторно да се најдеме во ситуација на зависност, како за нафтата и гасот“, предупреди таа за време на говорот пред Европскиот парламент.

– Проблемот е што во моментов, една земја го контролира речиси целиот пазар. Речиси 90 проценти од ретките метали и 60 отсто од литиумот се преработуваат во Кина, предупреди фон дер Лајен.

Таа ги повикува Дваесет и седумте да ги „обезбедат своите залихи“.

– Ќе ги дефинираме стратешките проекти долж синџирот на снабдување, од екстракција до рафинирање, од преработка до рециклирање и ќе изградиме стратешки резерви таму каде што снабдувањето е загрозено, потврди таа, ветувајќи законски проект за ова прашање.

Урсула фон дер Лајен истакна дека „овој пристап може да биде ефективен: по лансирањето на европскиот сојуз за батерии пред пет години, две третини од батериите што ни се потребни наскоро ќе бидат произведени во Европа“, а по регулативата за полупроводници претставена минатата година, рече „изградбата на Првата мега-фабрика за производство на чипови (во ЕУ) ќе започне во наредните месеци“.

Брисел си постави цел во февруари да го удвои пазарниот удел на ЕУ во полупроводници до 20 отсто од глобалното производство до крајот на деценијата, за да ја намали зависноста од Азија. За да се постигне ова, Комисијата во февруари објави план со кој се одобруваат 42 милијарди евра јавни инвестиции за овој сектор.

– ЕУ ќе се опреми со средства за да ја гарантира безбедноста на снабдувањето, како што тоа го прават САД на пример, вклучително и со можни ограничувања на извозот во случај на криза, рече комесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција

Минатата недела регистрирани нови 57 случаи на омикрон во седум градови

Редакција