еМагазин
Image default
Свет

Кина: Шефот на Интерпол е под истрага заради сомневање за прекршување закони

Дисциплинскиот орган на КП на Кина соопшти дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеи е под истрага заради сомневања дека прекршил закони.

Станува збор за висок кинески претставник чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред 10-на дена.

Менг Хонгвеи кој е заменик кинески министер за јавна безбедност е „осомничен за кршење на закони и моментно е под истрага и надзор“ на новото кинеско тело за борба против корупција, Националната надзорна комисија.

Тоа соопштение службата на КП надлежна за борба со корупција и политичка нелојалност го објави на својот сајт.

Истовремено, сопругата Грејс Менг изјави дека сопругот пред да исчезне за време на патување кон Кина испратил фотографија на нож.

Таа во Лион изјави дека верува оти тој се обидел со тоа да и каже дека е во опасност. Пораката и била пратена на 25 септември и таа оттогаш не е во контакт со него.

Интепол официјално побара информации од Кина за Менг кој исчезнал откако дошол во Кина на посета.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија во Украина ќе се борат над 16.000 доброволци од Блискиот Исток

Редакција

Камала Харис e кандидат на демократите за претседател на САД

Редакција

(Видео) Вооружен напад во синагога во САД, убиени најмалку осум лица

Редакција