еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Кирил Лазаров нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

– Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана онлајн, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната седница на Управниот одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на Кирил Лазаров за селектор/тренер на сениорската машка ракометна репрезентација, стои во известувањето на РФМ.

На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.

Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац, кој доби отказ по неодамнешното Светско првенство во Египет.

МИА/Фото: РФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието не враќа назад во процесот на преговори, вели Османи

Редакција

Правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат, порачаа сексуалните работнички на денешниот марш

Редакција

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Редакција