еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ не е во функција по невремето, пациентите се препраќаат во други болници

Привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавиле по завчерашното невреме, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали.

– Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“, пациентите од источна Македонија во КБ Штип, пациентите од централна Македонија во КБ Битола, пациентите од западна Македонија во КБ Тетово“, се вели во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струјата ќе поскапи 13% ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите, одлука околу 20 јуни

Редакција

Градењето на гасоводот на Водно продолжи на државен празник

Редакција

Арбер Исаку избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција