Трката за вакцина против Ковид-19 се засилува со тројца главни кандидати што сега пријавуваат стапки на ефикасност поголема од 90 отсто.
Здравствените експерти велат дека светот не може целосно да се врати во нормала се додека широко не се дистрибуира вакцината за новиот коронавирус. Но, секоја потенцијална вакцина има свои нијанси и веројатно ќе бидат потребни повеќе вакцини со цел да се обезбедат доволно дози за универзална вакцинација.
Некои глобални вакцини се одобрени за ограничена дистрибуција, вклучително ги вакцините во Кина и во Русија кои не чекаа за резултатите од Фазата 3 пред овластувањето. Јавните здравствени власти предупредуваат дека прескокнувањето на чекорите може да претставува сериозни ризици.
Ниту една вакцина не е одобрена за целосна употреба.
Главни кандидати:
Pfizer-BioNTech:
Ефикасност: 95%.
Тип на вакцина: mRNA.
Потребни дози: 2.
Складирање: Пет дена во фрижидер или -70 степени Целзиусови за долгорочно чување.
Производство: До 50 милиони дози во 2020 година и 1,3 милијарди во 2021 година, по Pfizer.
Цена: 20 долари по доза.
Pfizer поднесе барање за овластување за итна употреба од ФДА.
Модерна:
Ефикасност: 94,5%.
Тип на вакцина: mRNA.
Потребни дози: 2.
Чување: 30 дена во фрижидер или шест месеци на -20 степени Целзиусови.
Производство: 20 милиони во 2020 година и до милијарда во 2021 година.
Цена: 32-37 долари
Модерна соопшти дека планира да аплицира за ЕУА во следните неколку недели.
Оксфорд-АстраЗенека:
Ефикасност: 62% до 90%, во зависност од дозата (просечна 70,4%).
Тип на вакцина: Комбинација на вирус на настинка и генетски материјал на коронавирус.
Потребни дози: 1.5.
Чување: Шест месеци во фрижидер.
Производство: Вкупен годишен капацитет од 3 милијарди дози, според AstraZeneca.
Цена: 3-4 долари.
МИА