еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е компанијата „Пуцко петрол“ која ги скара Антикорупциска и Обвинителството

Од Јавното обвинителство вчера информираа дека ја прекинуваат соработката со Антикорупциската комисија, откако од таму обелоденија шема за неуспешната конфискација на имотот на “Трансмет“ на Сеад Кочан за случајот „Труст“ од која според Антикорупциска најмногу ќар имала компанијата „Пуцко петрол“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Која е „Пуцко петрол“

Нафтената компанија „Пуцко петрол“ од селото Пласница на јавноста најмногу и е позната по добивањето на бројните државни и општински тендери.

Истата е во сопственост на семејството на поранешниот градоначалникот на Пласница од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, кој сега е пратеник на владејачката партија.

Јахоски беше градоначалник на Пласница цели 24 години, што е рекорд.

Роден е во март 1963 година, во Пласница, каде и завршил основно училиште, стои во неговата официјална биографија.

Има завршено средно економско училиште.

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Во 1993 година ја основал фирмата „Пуцко петрол“, која располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности.

Има четири деца, а сега компанијата ја води неговиот син, Асмир Јахоски.

Колку тендери добила компанијата лани?

Неодамна објавениот Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации покажа дека „Пуцко петрол“ е во топ три компании кои лани добиле најмногу тендери.

Лани компанијата склучила 413 договори во вредност од околу 50 милиони евра.

„Пуцко петрол“ поседува и 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата за конфискацијата на имотот на „Трансмет“, велат од Антикорупциска

Државното правобранителство за конфискацијата на имотот на „Трансмет: Преземени се сите мерки и правни дејствија за заштита на имотните права на Републиката 

Фото: Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има и акции во “Макстил“: Каков имот пријавила Весна Митевска, новата директорка на Танец

Редакција

„На кого му треба Џез фестивал додека има Ѕвезде Гранда“: Твитер „прегреа„ за Годишната програма на Министерството за култура

Редакција

(Видео) Хамас ослободи две Израелки на возраст од 83 и 85 години

Редакција