еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата за конфискацијата на имотот на „Трансмет“, велат од Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) реагира на соопштението на Јавно обвинителство (ЈО) во кое тоа ја прекинува соработката со оваа институција, поради „шемата“ која беше обелоденета за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“.

„Податоците кои беа изнесени на седницата, а која е задолжително јавна, согласно член 22 став 3 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, во најголем дел се веќе познати на јавноста, а ДКСК изврши анализа и хронолошко поврзување на истите.

ДКСК и во овој случај постапи согласно надлежноста утврдена во член 17 став 1 точка 5, и одлучи да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува.

Се поставува прашањето како ЈО ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази, ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се уште не е доставена, а ЈО се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.

Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО.

Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите.

ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот „Труст“ и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење.

ДКСК и понатаму ќе продолжи да постапува согласно своите законски надлежности и да соработува со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна да се полни и монтажната болница, моментално има 11 пациенти

Редакција

62,8% од заболените со Ковид-19 рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

Македонските граѓани тонат во долгови: Земаат нови за да ги вратат старите кредити

Редакција