еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани тонат во долгови: Земаат нови за да ги вратат старите кредити

Одредени структурни карактеристики и неповолни трендови кај домаќинствата можат да бидат потенцијални извори на нови нефункционални кредити, и покрај добриот квалитет и слабото остварување на кредитниот ризик кај ова кредитно портфолио, укажуваат од Народната банка во новиот извештај за ризиците во банкарскиот сектор.

„Ова пред сѐ се однесува на постојаниот, но малку послаб, раст на долгот на домаќинствата, и тоа претежно на подолги рокови во кои е понеизвесна кредитоспособноста на клиентите за редовно намирување на достасаните обврски. На крајот на првиот квартал од 2020 година, долгорочните кредити на домаќинствата учествуваат со 92,1% во вкупните кредити на домаќинствата.

Сепак, показателите за квалитетот на овие кредити се на задоволително ниво. Друг потенцијален извор на влошување на квалитетот на портфолиото на домаќинствата е фактот дека најголемиот дел од новите кредити на домаќинствата им се одобруваат на постојни кредитокорисници.

Во овој сегмент од кредитното портфолио, само 13,7% од новоодобрените кредити (12,0% во последниот квартал од 2019 година) им се одобрени на нови кредитокорисници“, се вели во извештајот.

Притоа, кај станбените кредити новите кредитокорисници се повеќе застапени со 25%, додека само 8,8% од новоодобрените потрошувачките кредити во првиот квартал се наменети за нови корисници.

„Обемот на задолженост на целиот сектор „домаќинства“ е предмет на редовно следење од страна на Народната банка, но засега нема знаци на негова преголема задолженост којашто може да влијае врз кредитната способност на секторот. Соодносот меѓу вкупните месечни отплати на долгот на клиентите и нивните месечни примања тековно е на прудентно ниво од 55 до 60%.

Со ова се намалува можноста за превисока задолженост на клиентите и воедно, се намалува опасноста од исцрпување на нивната финансиска моќ за враќање на зголемениот долг. Притоа, има постојано олабавување на кредитните стандарди, вклучително и намалување на каматните стапки.

Поради претежното кредитирање на постојните кредитокорисници, и покрај зголемувањето на просечната пондерирана преостаната рочност на вкупните и на новоодобрените кредити, расте и месечната обврска за отплата по кредитокорисник.

Така, кај потрошувачките кредити просечниот ануитет на годишна основа се зголеми за 14,6%, или за речиси 750 денари, додека кај станбените кредити овој раст е значително послаб и изнесува 1,7%, или речиси 300 денари“, се вели во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

Редакција

Мијалков оздраве од ковид и дојде на судењето за “Плацови на Водно”, не го откри рецептот како се „прават“ милиони

Редакција

Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање

Редакција