еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е „Моќна грчка армија„ која ги хакирала сајтовите на македонските банки

Пошироката македонска јавност за хакерската група „Моќна грчка армија„ првпат слушна пред извесно време кога од групата се пофалија дека го хакирале сајтот на Министерството за образование и наука (МОН).

Тогаш од МОН потврдија дека имало обид за хакирање, но без никаква штета.

Сега се повторно во фокусот, откако и од Народната банка, потврдија дека таа и македонските банки биле цел на напад на оваа хакерска група.

На нивниот профил на Твитер се објавени имињата на сите банки во Македонија, кои биле цел на нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакерски напад на веб страните на Народна банка и домашни банки, доверливоста на податоците не е доведенa во прашање

Која е „Моќна грчка армија„

Моќна грчка армија или „ПГА“ е хакерска група основана во 2016 година.

Досега оваа хакерска група има извршено бројни сајбер напади во Грција и во светот, а пред нападот на македонските банки, според информациите објавени на нивниот Твитер профил, цел на напад била веб страната на украинското Министерство за здравство, а истата била нападната поради „убиството на двајца Грци во Украина“, соопштија од Моќна грчка армија.

Групата во 2016 година извршила напади и на веб страната на грчкиот премиер, а пред две години ја нападна и училишната мрежа на Грција, посочувајќи дека со тој чин ја „предупредуваат грчката влада“ поради чувствителните податоци кои биле складирани во системот.

Во 2020 година групата го хакираше и профилот на Одисеј Константинопулос, познат грчки политичар, поранешен портпарол на ПАСОК и потпретседател на грчкиот Парламент, твитајќи дека “ова е последното предупредување до грчката Влада“.

Цел на напад во 2020 година, според тврдењата на групата, биле и веб страните на најголемите банки во Турција, веб-страниците на Туркиш ерлајнс и претседателот на Турција.

Македонија им во фокус

Според информациите кои ги споделуваат на својот Твитер профил, произлегува дека омилена дестинација за хакирање им е Македонија.

„Крајот на С. Македонија/Скопје како и да ја наречете во сајбер просторот е близу, ќе ја избришеме нивната земја од интернет. Нивните најважни министерства и владини портали се веќе погодени, се очекуваат повеќе. Не се плеткајте со најдобрата група PGA„, стои во еден од нивните твитови.

Тврдат дека досега хакирале бројни веб страни во Македонија, меѓу кои и сајтот на Владата, Министерството за одбрана, Министерството за финансии…

 

Од македонските институции за овие тврдења реагираа со став дека безбедносните системи во земјава се во добра „форма“ и дека сите хакерски напади се спречуваат навремено и без штета по податоците.

Фото: ПГА/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на земјоделските производи ќе се одмрзнат, Бектеши тврди дека струјата нема да поскапи

Редакција

Османи вели оти музејот во Сопот во кој виси слика на Ахмети не бил на УЧК

Редакција

Починаа 11 пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.456

Редакција