еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Рената Младеновска, новата директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Владата на вчерашната седница за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја назначи Рената Младеновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ја разреши директорката на ДСЗИ, Бухова, на нејзино место доаѓа Рената Младеновска

Која е Младеновска

Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје – Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

Образование

Таа е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каде што е и докторанд.

Има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент.

Младеновска е авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството, а во соработка со повеќе меѓународни институции е активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вардар некогаш и денес: Фекалии и пластика наместо капачи и перачки

Редакција

Промет од 829.000 евра со акциите на „Реплек“ за осум месеци

Редакција

Течат роковите од 48 часа за приговори од учесниците во изборите

Редакција