Со 12 гласа „за“ и еден против Судскиот совет на денешната седница ја избра врховната судијка Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Таа ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1.
„Донесена е Одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ“, стои во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет.
Покрај Адеми за претседателското место во Врховниот суд конкурирале и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.
МИА/Фото: Врховен суд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.