еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е бизнисменот Ајдован Адемоски: Од „Стоун бриџ хотел“ до империја која го купува „Рамстор“

„Мигрос Тиџарет“, компанија сопственик на ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“ потпиша преддговор за продажба на овие трговски објекти со компанијата „Сити Плаза ДОО“ зад која стои бизнисменот Ајдован Адемоски.

Со реализирање на овој нов потфат, Адемоски дефинитивно станува бренд за успешен бизнисмен во Македонија.

Имено, тој одамна стана препознaтлив како сопственик на хотелот Стоун бриџ (Stone bridge hotel), а оттогаш наваму постојано ја шири својата бизнис империја.

Во 2013 година година, тој го отвори станбено-деловниот комплекс „Капитол“ во скопската населба Аеродром, проект вреден триесетина милиони евра.

Во 2019 година го отвори хотелот „Double Tree by Hilton“ кој исто така се наоѓа во Аеродром.

Адемоски е почесен конзул на Турција во Македонија и претседател на македонско-турската стопанска комора „МАТТО“.

Тој е претседател на бордот на директори на Меѓународниот балкански универзитет.

Како претседател на МАТТО тој често се среќава со турскиот претседател Реџеп Таип Еродан и упорно работи на зголемување на турските инвестиции во Македонија до 3 милијарди евра, како и зголемување на годишната трговија на над милијарда евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сити плаза“ на Ајдован Адемоски го купува „Рамстор“

Фото: МАТТО/Double tree hilton/Stone bridge hotel/Capitol/Ramstore

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Ајнур доби шанса за живот со комплексна операција на срцето

Редакција

Вкупно 1.029 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Шилегов запрепастен од шпекулациите: Ќе се кандидира за втор мандат за градоначалник на Скопје

Редакција