еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија

Судијата Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, наместо да положи заклетва, поднесе оставка за да неговиот син Кирил Георгиев стане судија во Основниот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој заради синот поднесе оставка од Судскиот совет

Наке Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет

Кога беше избран за член на Судскиот совет доби само шест гласа (вклучувајќи го и неговиот) како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд. Гласале 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени.

Кој е Наке Георгиев

Роден е во јуни 1963 година во Струмица, стои во неговата официјална биографија.

Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1987 година .

Правосуден испит положил во 1990 година.

Работно искуство

Во 1987 година работел во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско – Банско.

За судија во Основен суд Струмица е избран на во 1997 година, а во 2004 година е избран за судија на Апелациониот суд во Штип.

Работел во граѓанска област.

Во 2017 година е избран за претседател на Апелациониот суд Штип.

Со одлука на Судскиот совет од февруари 2020 година е избран за судија во Врховниот суд.

Работел во Одделот за граѓански дела, Одделот за судење во разумен рок и Специјализиран совет.

Постапка за одговорност додека беше претседател на Апелацискиот суд во Штип

Георгиев, периодов беше во фокусот на јавноста, бидејќи против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот додека беше претседател на Апелацискиот суд во Штип.

Како што пишуваа медиумите периодов откако беше соопштено дека е кандидат за член на Судскиот совет, на затворен дел од седница на Совет беше одлучено да се запре постапката против него, откако неговиот предметот беше држен во фиока неколку месеци.

За истиот случај претходно беа разрешени тројца судии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тамара со прекрасен настап заслужено се пласира во финалето на Евровизија

Редакција

Средба Османи-Рау во Варшава: За Полска нема дилема дека Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ

Редакција

Во градинка во Белгија тепале бебиња, ги држеле со главата под вода за да престанат да плачат и насилно ги хранеле

Редакција